grcijaaaaa

04.03.2024 Скопје

Според податоците од Министерството за развој на Грција, во рамките на владините мерки за справување со инфлацијата цените на над 3.000 производи за чистење и за лична хигиена, од денеска се очекува да бидат намалени и до 18 отсто во грчките супермаркети.

Од денеска стапуваат во сила четири владини мерки што имаат за цел трајно намалување на цените на конкретни производи.

Засегнатите категории вклучуваат општи производи за чистење на домот (детергенти за перење алишта, детергенти за миење садови, средства за чистење на површини за сите намени, белило) и производи за лична хигиена (шампони и балсами, сапуни, пасти за заби, бебешки и детски пелени).

Реформата донесе значително намалување на просечната цена во седум категории на производи. Поточно, за млекото за бебиња, намалувањата се околу 15 проценти; за бебешки и детски пелени, просечното намалување на цената е 18,1 отсто; за шампони, гелови и регенератори, тоа е 17 проценти; за паста за заби е 15,1%; за детергенти за перење е 15,6%, итн.

Министерот за развој Костас Скрекас во саботата вети дека владата ќе преземе повеќе мерки за справување со високите потрошувачки цени на мало.

„Преземавме низа мерки, кои почнаа да се применуваат од 1 март. Низа производи, речиси 4.000 од нив, во супермаркетите почнаа да се намалуваат, по нашата драстична мерка. Колку ќе биде намалувањето ќе видиме во наредните денови. Од првиот ден вршевме контроли и видовме деескалација на цените. Намалувањата на цените би можеле да достигнат до 15 отсто, па дури и до 20 отсто“, додаде министерот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author