nevreme

05.03.2024 Скопје

Над Јадранското Море се протега долг појас на бура, кој повеќе потсетува на времето во средината на летото отколку во почетокот на март, а „ловците на бури“ од словенечкиот портал „Неурје“ објаснуваат дека се работи за силен појас на невреме со гром над морето и во крајбрежјето.

Овој појас на бура се протега на 700 километри, од Хрватска до југот на Италија, а ќелиите на бурата настанале поради навлегувањето на јужниот потопол воздух во исто време со циклонското подрачје со помал воздушен притисок, па резултатот на ова комбинација е што, како што велат, атмосферата буквално пука.

Велат ова не е прв пат да се случи, а ќе се повтори во следните неколку месеци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author