odihr

22.03.2024 Скопје

ОБСЕ/ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија во земјава. Триста и дваесет набљудувачи ќе бидат ангажирани на претстојните двојни избори. Триста од нив ќе бидат краткорочни, а дваесет тимови ќе бидат распоредени по територијата на целата држава.

Два тима со по двајца претставници ќе има во главниот град.

Ова се 22 избори во македонија што ги набљудува ОБСЕ/ОДИХР. Но за првпат ќе набљудуваат два вида избори коишто ќе се случуваат во исто време – претседателски и парламентарни избори. Мисијата официјално со работа почнува од денеска, а проценките и анализите – дали препораките на ОБСЕ/ОДИХР се земени предвид од страна на институциите, допрва ќе се прават.

Подготвено од М.Д.

About Author