14.03.2024 Скопје
Службеници на Царинската управа на Црна Гора на граничниот премин Божај со Албанија запленија поголема количина непријавена стока во вкупна вредност од 12.000 евра, соопшти Царинската управа во Подгорица.
Во соопштението се наведува дека царинските службеници при проверка на автомобилот откриле големо количество чевли Тимберленд, водоводни цевки и одводи и синтетички материи кои се вбризгуваат во кожата на лицето.
„Трајно е одземена непријавена стока во вредност од околу 12.000 евра“, велат од Царинската управа во Подгорица.
За овој случај издадени се прекршочни налози во вредност од 6.000 евра на правни и одговорни лица.
Подготвено од А.Ѓ.