05.03.2024 Скопје
Според индексот на милијардери, Џеф Безос повторно ја презеде титулата најбогат човек на светот, претекнувајќи го Елон Маск, ексцентричниот сопственик на Tesla, X и SpaceX.
Нетото богатство на основачот на Амазон беше 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на 198 милијарди долари, што го прави Безос „само“ 2 милијарди долари побогат.
Маск минатата година изгубил околу 31 милијарда долари, додека Безос добил 23 милијарди долари.
Маск ја врати титулата најбогат човек на светот во мај 2023 година, со што го симна од тронот извршниот директор на LVMH, Бернард Арно, кој е на чело на еден од најголемите светски конгломерати кој вклучува брендови како Луј Витон, Диор и Селин.
Три т.н. центимилјардери – Маск, Арно и Безос со месеци се натпреваруваат за првото место. Арно ја држеше титулата додека неговото богатство растеше поради порастот на продажбата на луксузни стоки што помогна да се зголеми цената на акцијата на LVMH.
На почетокот на оваа година, судија на државниот суд во Делавер го поништи пакетот за плати на Маск за 2018 година во вредност од повеќе од 50 милијарди долари, што му помогна да го направи еден од најбогатите луѓе во светот. Акциите на Tesla исто така паднаа за околу 24 отсто од почетокот на годината, а вчера паднаа за повеќе од седум отсто.
Маск и Арно се уште поседуваат многу богатство. Почнувајќи од 2020 година, нето вредноста на петте најбогати луѓе во светот вртоглаво порасна за 114 проценти на вкупно 869 милијарди долари, по сметката за инфлацијата.
Подготвено од А.Ѓ.