ZANAET

18.03.2024 Скопје

Занаетчиите во регионот станаа ендемски вид. Младите не сакаат повеќе да работат ниту за поголема дневница, а старите мајстори работат и кога се во пензија.

“Во Република Северна Македонија има хроничен недостиг на занаетчии, односно мајстори на различни профили и барањето на квалитетен мајстор е како барање игла во пласт сено. Дека занаетчиството во земјава полека изумира потврдува и нашиот соговорник, мајстор кој 16 години го работи својот занает.”

Но, иако многу млади луѓе не се заинтересирани за учење на занает, сепак мајсторите во Република Северна Македонија можат да заработуваат добро.

Меѓутоа, работата и не е така лесна и едноставна, бара многу труд пред сè, а потоа и време, знаење, но и материјал за работа, а ако на ова ги додадеме и давачките кон државата, тогаш можеби и можеме да ја сфатиме незаинтересираноста на младите.

Факт е дека најголемиот дел од младите во Република Северна Македонија сонуваат да работат во ИТ секторот, правото и економијата, но не и во занаетчиството, бидејќи сметаат дека е тешко и неисплатливо, а за занает е потребна пред сè волја.

Можеме да констатираме дека лоша иднина се предвидува на речиси сите занаетчиски гранки, кои како занаети, најверојатно ќе останат во меморијата на повозрасните генерации.

Подготвено од М.Д.

About Author