07.03.2024 Скопје
Случајот со шверцот на дрога неодамна доби неверојатен пресврт кога млад адвокат-приправник (32) од Штаерска беше осомничен дека продавал големи количини дрога за криминална организација од Балканот.
Тој е уапсен, а заедно со него е приведен и неговиот наводен соучесник, државјанин на Србија (51).
Како што пренесуваат австриските медиуми, се уште не се познати многу детали за овој скандалозен случај, но она што е познато е дека станува збор за големи количества дрога. Имено, младиот адвокат главно работел со кокаин и амфетамини, додека српскиот државјанин само препродавал кокаин.
Медиумите пренесуваат дека зад сето ова стои добро организирана банда од Балканот, која веќе им е позната на австриските власти. Иако двајцата беа уапсени уште во февруари, за овој скандалозен случај се дозна дури откако беше продолжен притворот на барање на јавното обвинителство во Грац, што го потврди и претставникот на обвинителството Хансјерг Бахер.
Подготвено од А.Ѓ.