01.03.2024 Скопје
Милениумците, односно луѓето родени помеѓу 1981 и 2000 година, се на пат да станат „најбогатата генерација во историјата“, пред се благодарение на наследството на богатството од претходните генерации, објави глобалната консултантска компанија Knight Frank.
Споменатата организација верува дека генерацијата милениумци ќе профитира од неочекуваните пари во следните 20 години благодарение на богатството акумулирано од претходните генерации.
Распределбата на богатството меѓу генерациите ќе доведе до трансфер на средства со вкупна вредност од 90 трилиони долари само во САД, според Knight Frank.
Милениумците го чекаат своето наследство и во меѓувреме се соочуваат со многу економски шокови почнувајќи од кризата во 2008 година преку пандемијата до актуелните војни во светот.
Оваа генерација го потрошила најголемиот дел од својот приход на високи трошоци за домување и тешко може да си дозволи сопствен дом или да заштеди пари за пензионирање.
Економските услови ја поттикнаа сликата дека милениумците ги трошат своите пари на луксузен живот бидејќи немаат цел да штедат за да стекнат имот.
Нивната идна финансиска состојба ќе биде одредена со еден вид „поделба на лотарија“, односно наследство од претходните генерации, заклучува консултантската компанија Knight Frank.
Подготвено од А.Ѓ.