08.03.2024 Скопје
На почетокот на април, табот Facebook News ќе биде укинат за корисниците во САД и Австралија. Мета објави дека го елиминира посветениот таб што се наоѓа во делот за обележувачи како дел од нејзините напори да ги „усогласи своите инвестиции со своите производи и услуги што луѓето најмногу ги ценат“.
Компанијата веќе го отстрани табот News во ОК, Франција и Германија на почетокот на декември 2023 година. Компанијата објаснува дека ги насочува своите ресурси на други работи што луѓето сакаат повеќе да ги видат.
Фокусот е на кратки видеа.
Во новото соопштение, компанијата изјави дека бројот на луѓе кои го користат табот News во САД и Австралија се намалил за 80 отсто во текот на изминатата година.
Вестите сочинуваат помалку од три проценти од она што корисниците го гледаат на Фејсбук. Исто така, тоа не е значаен дел од нивното искуство на оваа платформа.
„Знаеме дека луѓето не доаѓаат на Facebook за вести и политички содржини. Тие доаѓаат да се поврзат со луѓе и да откријат нови можности, страсти и интереси“, велат од компанијата.
Подготвено од А.Ѓ.