https://twitter.com/nexta_tv/status/1585163064810229760/photo/1

13.03.2024 Скопје

Долго време се шпекулираше, а конечно е донесена одлука – Мерцедес ќе продолжи да ја произведува А-класата најмалку до 2026 година.

Ова значи и дека претходните планови за „пензионирање“ на хечбекот се откажани.

Веста доаѓа откако Мерцедес соопшти дека ќе се откаже од својот претходен став за 100% електрична флота, а шефот на компанијата Ола Каленијус изјави дека сепак ќе има „пофлексибилна“ стратегија.

Оваа „флексибилност“ покажува дека Мерцедес ќе продолжи да произведува SUS возила врз основа на постоечката платформа, дури и додека таа ќе замине длабоко во следната деценија.

„Не верувам дека некој мислел дека ваквата трансформација, која се случува еднаш во век, ќе се случи одеднаш. Ќе има многу подеми и падови“, истакна Каленијус.

Според истражувањето на пазарот на Мерцедес, побарувачката за ЕВ ќе биде главно во сегментот на мали и средни автомобили, а Каленијус додаде дека „сè уште сме далеку од изедначување на цената за SUS и електричните возила“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author