08.03.2024 Скопје
Агенцијата за безбедност на храна на БиХ била информирана дека на пазарот во БиХ биле испорачани црни тркалезни чинии произведени во Кина, во кои било утврдено присуство на меламин.
Известувањето преку системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна за неусогласеност на производот го достави Италија, се наведува на веб-страницата на Агенцијата за безбедност на храна.
Овој производ не е во согласност со прописите за пластични материјали и материјали и предмети наменети да дојдат во контакт со храна.
Информациите за производот, согласно важечките прописи, беа доставени на понатамошна обработка до соодветните инспекциски тела во БиХ, од кои беше побарано да преземат мерки и да пријават до Агенцијата за безбедност на храна.
Подготвено од А.Ѓ.