mk donalds

15.03.2024 Скопје

Американскиот ланец за брза храна Мекдоналдс се соочува со технички проблеми поради кои клиентите во некои земји не можат да нарачаат храна.

Мекдоналдс во Јапонија, кој работи со околу 3.000 продавници во земјата, соопшти дека „во моментов има дефект на системот“ и побара од клиентите да чекаат да се врати услугата.

Корисниците на социјалните мрежи се пожалија на проблемите со услугата на Мекдоналдс во Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Германија и Австрија.

Некои медиуми објавија дека имало прекин на работењето на Мекдоналдс во Кина и Шведска.

Мекдоналдс во Хонг Конг исто така има „неисправност во компјутерскиот систем“, велејќи дека мобилните киосци за нарачки не функционираат.

Рестораните на Мекдоналдс во Нов Зеланд се соочуваат со проблем со нивниот компјутерски систем што влијае на нивната способност да обработуваат нарачки, изјави портпаролот на компанијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author