SAKH

25.03.2024 Скопје

Во рамки на шаховскиот турнир, силите на шаховската табла ќе ги одмерат околу 170 шахисти од земјава и регионот, меѓу кои се натпреваруваат и неколку велемајстори. Станува збор за турнир којшто е од отворен карактер и истиот се игра по Швајцарски систем на натпреварување во девет кола, според пропишаните правила на ФИДЕ за забрзан шах.

Општина Карпош традиционално го поддржува спортот, па така и годинава за реализација на овој шаховски турнир обезбеди финансиски средства од својот буџет во висина од 150.000 денари. Притоа, наградниот фонд на турнирот изнесува 94.000 денари, којшто е распореден на 10 главни награди. Главен судија на турнирот е интернационалниот арбитар Сашко Лакински, а темпото на игра е 15 минути по натпреварувач со 5 секунди додавање за секој одигран потег, почнувајќи од првиот.

Покрај главните награди, согласно постигнатите резултати на турнирот ќе бидат доделени и шест посебни награди во висина од 3.000 денари. Поточно, ќе бидат поделени парични награди во категориите за најдобро пласирана ненаградена жена, најдобро пласиран ненаграден јуниор до 18 години, најдобро пласиран ненаграден ветеран над 65 години, потоа, најдобро пласирани натпреварувачи без меѓународна титула со рејтинг до 2100, до 1900, како и најдобро пласиран ненаграден карпошанин.

Подготвено од М.Д.

About Author