hrvatska nezadovolni medicinski lica

13.03.2024 Скопје

Договорите на дело за медицинските сестри, за кои подолго време во здравствените институциите беше ветувано дека ќе бидат трансформирани во редовен работен однос не се случија, реагираат денеска преку соопштение од  Унијата на Здруженијата на медицински сестри откако деновиве медиумите известија дека на медицински сестри и друг медицински персонал не им биле продолжени договорите на дело и на истите им било кажано да не доаѓаат повеќе на работа.

Наместо трансформација на работнот однос еден дел добија продолжување на недостоинствените договори, додека пак на друг дел во текот на вчерашниот ден им беше соопштено повеќе да не доаѓаат на работа бидејќи не им се продолжени истите, велат од ЗМСТАС.

Оттаму апелираат „инвестицијата во сестринството да нема транзициони периоди и политики за доброто на пациентите, како стратегија за здрава нација“ и дека мора да се пристапи кон решавање на статусот на сестрите во редовен работен однос и повеќе да не постои никакво отстапување, „бидејќи сето ова е за доброто на сите нас“.

„Унијата во секое време може да понудии соодветни решенија за надминувања на проблемите“, изјави сестра Гордана Бешлиовска претседател на Унијата на ЗМСТАС.

Подготвено од М.Д.

About Author