LILIJA COKAREVA DERVISOVA 2

25.03.2024 Скопје

Здружението на приватни матични лекари побара да се донесат нови закони со кои би имало поголема заштита на лекарскиот кадар. Ова доаѓа по убиството на лекарот Ацо Трпковски кој беше пронајден мртов со убодни рабни на паркинг пред поликлиниката „Железара“ во Скопје.

„ Очекуваме од органите од прогонот да ни кажат што се случува. Се чувствуваме небезбедни…Сите имаме пациенти кои што се психички нестабилни, пациенти кои се зависници, биполарни растројства. Сакаме безбеден простор и регион за да работиме“, изјави претседателката на Здружението на приватни матични доктори – Лилија Чолакова Дервишова.

Таа вели дека ваков чин на насилство не смее да се повтори. Апелира да се заштити секој здравствен работник, без разлика дали станува збор за медицинска сестра или доктор.

Во тек е протест на матичните лекари, кои уште минатата недела најави дека денеск од 12 до 16 часот нема да работат, во знак на револт.

Подготвено од М.Д.

About Author