19.03.2024 Скопје
Жири-комисијата имаше полни раце работа за да одлучи кому ќе му ги додели наградите за најуспешните маски на годинешниот Струмички карневал. Во Центарот за култура „Антон Панов“ беа прогласени најдобрите маски на главната карневалска вечер што се одржа во саботата.
Маската „Илијада“ на Гимназијата „Јане Сандански“ е прогласена за најдобра во категоријата групни маски со 50 и повеќе лица на Струмичкиот карневал и добија награда од 1.000 евра.
Во категоријата на маски со 30 до 50 лица најдобра е маската „Порака“ на Здружението „Струма“, втора е „Пајаци на карневал“ на Карневалско здружение „Астра“, а третата награда ја доби маската „Холандија на дланка“ на ООУ „Видео Подгорец“.
Во категоријата групна маска со 20 до 30 учесници најуспешна е маската „Медени колачиња“ на ООУ„Сандо Масев“-Струмица, а маската „Моќта на боговите“ на ООУ „Маршал Тито“ Струмица го освои првото место во категорија на маски од 10 до 20 лица.
Маската „Гладијатор“ на Марија Иванова е најдобра во категорија од 1 до 5 лица.
В среда, клучот на Градот повторно ќе му биде вратен на градоначалникот Костадинов од страна на струмичките карневалисти со што се затвора годинашнава манифестација.
Струмица изминатиов викенд пулсираше во ритамот на карневалот, кој веќе станува традиционален и прочуен во целиот свет. Многу гости од светот и земјава во Струмица на улица играа под маски во ритамот на добра музика, смеа.
Подготвено од М.Д.