ostrog

06.03.2024 Скопје

Раководството на манастирот Острог соопшти дека нема никакви профили на социјалната мрежа Фејсбук и ги повика луѓето кои стојат зад тие сметки да ги отстранат.

Раководството на манастирот се огласи во врска со разни невистини кои се шират преку социјалните мрежи, а се однесуваат на Острог и истакна дека зад тие објави не стои никој од манастирот или од црногорско-приморската митрополија.

„Ве информираме дека подолго време преку социјалните мрежи се шират разни невистини, пред се Фејсбук профили кои го носат името Манастир Острог и сите тие наводно се однесуваат на манастирот и во името на манастирот“, се наведува во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author