01.03.2024 Скопје
Марко Јанковиќ (8) од Заечар имал среќа рано да запознае ментор кој ќе му ги открие сите тајни на доброто цртање. Тие почнаа да работат заедно пред неколку години и сега имаат со што да се пофалат.
Неговите постапки покажуваат колку е посветен на она што го работи. Карикатурите што ги прави Марко се претежно одраз на личностите на луѓето од неговото поблиско опкружување.
“Мојата прва колективна работа е моето семејство, моето милениче, моите браќа и дедо ми. Дедо беше многу среќен кога му ја подарив. После тоа ме инспирираше да правам луѓе што не ги познавам, актери, јутјубери..“, вели Марко.
Неговиот талент го препознале неговите родители и наставниците, а тој продолжил со ментор кој му дал корисни совети.
„Прво цртаме, па почнуваме да го сликаме лицето. Потоа гледаме од сликата каде има сенка, а каде светлина и така цртаме. Лицето ми е најтешко бидејќи има многу детали, усни, очи, зеници…“, додава малото момче.
Сега Марко е посветен на финесите и уникатниот стил по кој ќе биде препознатлив Марко, попознат како Змеј.
Подготвено од А.Ѓ.