13.03.2024 Скопје
Бобинките помагаат при авитаминоза, болести на устата, грлото и белите дробови, против дијареа, менструални проблеми, треска и инфекции на кожата.
Малината е бобинка, расте како повеќегодишна грмушка со ситни, црвени и сочни плодови со сладок вкус. Свежото овошје се користи во текот на летото, а замрзнато и конзервирано во текот на целата година. Ова црвено овошје содржи значително количество полифенолни антиоксиданси кои го штитат организмот од разни болести, а по количината на антиоксиданси дефинитивно е прво пред другите овошја.
Кога купувате малини, совет е да ги изберете оние плодови кои се цврсти, зрели и со еднообразна црвена боја. Најдобро е да ги користите истиот ден, бидејќи свежите малини можат да издржат и до два дена. Доколку се чуваат подолго време, треба да се замрзнат. Прво, тие мора да се измијат под ладна вода, а потоа да се исушат. Тие треба да се замрзнат на рамна површина (на пример, на хартија за печење), а потоа да се стават во пластични кеси. Вака замрзнатите малини може да се чуваат во замрзнувач до 12 месеци. Малините може да се замрзнат и во форма на пире. Најпрво се сецкаат, се пасираат со малку шеќер во прав, а потоа добиената смеса се истура во пластични садови за замрзнување.
Богата е со минерали и витамини: манган, магнезиум, бакар, железо, витамини Це, Е и Бе. Овошјето од малина содржи и протеини, биофлавоноиди, гликоза, фруктоза, есенцијални масла…
Енергетската вредност е ниска: во 100 грама свежо овошје има 52 калории. Содржи и 86 отсто вода, 1,2 отсто протеини, 0,65 отсто масти и околу 12 отсто јаглехидрати. Тој е одличен извор на диетални влакна (6,5 грама на 100 грама овошје).
Уште од античко време е познато дека консумирањето малини има корисен ефект врз целото тело. Го зајакнува имунолошкиот систем, добар е како диуретик, помага при авитаминоза, болести на устата, грлото и белите дробови, против дијареа, менструални проблеми, нервоза, проблеми со јајниците (пијте чај од листови од малина), треска, дијабетес, инфекции на кожата.
Работи на намалување на ризикот од канцерогени заболувања, воспалителни инфекции на бубрезите, мочниот меур и уринарниот тракт, ја нормализира крвната слика, ја подобрува концентрацијата. Поволно делува на капиларите, на жолчката, при пореметување во исхраната, при болка и песок во бубрегот, против болки во стомакот и дигестивни проблеми.
Од листовите малина може да се направат многу лековити чаеви, но поради можна неправилна употреба или алергии, треба да се консултираат експерти пред употреба за да се избегнат компликации.
Подготвено од А.Ѓ.