26.03.2024 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија била жртва на исламистички напад и дека групата зад престрелката во близина на Москва се обидела да изврши неколку дела во Франција.
„Оваа група исто така се обиде да изврши неколку дејствија на наша почва“, им рече Макрон на новинарите за време на посетата на Француска Гвајана.
Француската влада вчера ја подигна тревогата за тероризам на највисоко ниво по пукањето во московскиот регион.
Според последните официјални податоци, 137 лица загинаа во нападот врз присутните на концертот во салата „Крокус сити хол“ во Красногорск во близина на Москва.
Федералната служба за безбедност претходно објави дека 11 лица, меѓу кои четворица терористи, се приведени во близина на руско-украинската граница.
На четворица од обвинетите им е изречена мерка притвор од два месеци, а двајца досега ја признаа вината. Сите обвинети се државјани на Таџикистан.
Подготвено од А.Ѓ.