25.03.2024 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го потврди неговото противење на офанзивата на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Рафа и го предупреди дека секое принудно преместување на населението ќе претставува воено злосторство, соопшти прес-службата на Елисејот.
Макрон, кој повикува на итен и траен прекин на огнот во Газа, исто така ги осуди неодамнешните израелски најави за населување, додека Израел најави заплена на 800 хектари земја во долината Јордан на окупираниот Западен Брег.
Додека израелската армија спроведува голема операција од понеделникот во болничкиот комплекс Ал-Чифа во градот Газа, каде што тврди дека убила околу 170 борци и вети дека ќе остане додека не се најде последниот, Макрон изрази длабока загриженост за операции извршени од израелската војска.армија.
Макрон повтори дека иднината на Газа може да се обезбеди само во рамките на идната палестинска држава и под одговорност на палестинската управа.
Подготвено од А.Ѓ.