05.03.2024 Скопје
Просечна плата од 25 000 денари, но и таа доцни два месеци. Јавното претпријатие Македонски шуми од среда нема да маркира и сече огревно дрво, ниту да пошумува. Две третини од вработените дале глас да стапат во масовен штрајк од четврток доколку раководството не им ја исплати јануарската плата веднаш, а феврурарската во законскиот рок.
Државата ги основала и сега треба да преземе одговорност. „Претпријатието работи цела година, а не сезонски, па така и сезонски да добива редовна плата“, вели Иван Пешевски, претседател на синдикатот на Градешништво, индустрија и проектирање, СГИП, кој барањата освен до компанијата ги адресира и до премиерот и вицепремиерите. Од раководството признаваат финансиска дупка, но само за овој кус период, затоа и од таму ќе се обратат за помош до владата и ветуваат исплата на јануарската плата најдоцна до среда
Директорот на Ј.П. „Македонски шуми“ Валентин Груевски уверува дека од март ќе започнат приливите и претпријатието ќе се стабилизира финансиски. За „Телма“, потврди дека и покрај моменталната финансиската состојба нема да има поскапување на огревното дрво, и цената ќе остане како минатогодишната, а количините ќе бидат навремено обезбедени и доставени.
Подготвено од М.Д.