13.03.2024 Скопје
Во Мајами оваа пролет ќе бидат заострени мерките за да се избегнат инциденти за време на претстојниот студентски распуст.
Некои од мерките ќе вклучуваат ограничен пристап до плажата и паркингот, зголемено присуство на полицијата и тестирање на алкохол.
На баровите и рестораните им е забрането да отвораат тераси на тротоарите, а објектите кои продаваат алкохол мора да бидат затворени до 20 часот.
Мајами Бич, Флорида е популарна дестинација за студенти за време на пролетниот распуст, но во последните три години, областа се соочува со високи нивоа на насилен криминал за време на пролетниот распуст.
Градоначалникот на Мајами, Стивен Минер, рече дека однесувањето во изминатите неколку години е неприфатливо и дека толпата од пролетниот распуст излегува од контрола дури и со силно полициско присуство.
Од друга страна, сопствениците на локалните ресторани и барови се против мерките и тврдат дека ограничувањата на бројот на посетители ќе го претворат градот во пензионерска заедница.
Подготвено од А.Ѓ.