Image by senivpetro on Freepik

28.03.2024 Скопје

Социјалните мрежи ги „запали“ фотографија од пицерија кај Дом омладин, каде парчето чини дури 400 динари.

Цената е иста за сите видови пица, без разлика дали се состои од само две состојки или три или четири.

Така, популарната маргарита само со пелата и кашкавал чини колку парче „бибер“ со шунка, кашкавал, печурки и пелат.

Инаку, оваа пицерија е присутна на неколку локации во Белград, а многумина паметат дека пред неколку години плаќале само 100 динари за парче.

Има и такви кои се сеќаваат дека цела пица некогаш чинела 300 динари.

Во морето негативни коментари се најде и еден кој цената ја оправда со тоа што киријата на таа локација била наводно 2.500 евра.

Сепак, ни ова не може да биде оправдување бидејќи на неколку метри парче пица чини само 120 динари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author