ZNAM MAKSIM DIMITRIEVSKI

25.03.2024 Скопје

Официјализирани се листите и на останатите партии кои ќе го трчаат парламентарниот маратон. Партијата „Знам-за наша Македонија“, денеска на конвенција во Скопје ги претстави носителите на листите. Изборна единица 1, ја предводи Бобан Карапејовски-професор на Филолошкиот факултет на УКИМ и член на извршниот одбор на Движењето Знам. Носител на изборна единица 2 е Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, носител на тројката Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија. Миле Цеков ја предводи изборна единица 4, Весна Бендевска ќе ја предводи изборна единица 5, а носител на шестката е Небојша Захариевски.

Додека пак, лидерот на Левица Димитар Апасиев ќе биде носител на изборна единица 1, двојката ќе биде предводена од Амар Мециновиќ портпаролот на партијата, носител на изборна единица 3 е Борислав Крмов пратеник во Собранието, носител на изборна единица 4 е Сашко Јанчев, Јована Мојсоска ќе ја предводи петката, а носител на изборна единица 6 е Игор Димески.

Во меѓувреме, Стојанче Ангелов лидерот на „Достоинство“  ја напушта коалицијата со СДСМ и преминуваат кон опозициска коализија предводена од ВМРО ДПМНЕ . Главните причини за напуштање се неисполнувањето на главните барања на партијата, односно нивните иицијативи за обештетување на 10-тина воени инвалиди и 15-тина семејства на загинатите бранители иако декларативно имале поддршка од СДСМ сепак заради противењето на ДУИ не поминувале во законодавмиот дом.

Подготвеноод М.Д.

About Author