06.03.2024 Скопје
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека Приштина е таа што го блокира основниот договор за нормализација на односите и негово спроведување, како и дека формирањето на Заедницата на српските општини е неизбежно во секој контекст на „патот на Приштина“ кон европските тела.
„Еден од чекорите е донесување уредба со која Статутот на ЗСО се упатува до Уставниот суд за оцена на уставноста, да се деблокира процесот на спроведување на Договорот, но тоа не се случува и се губи време. Јасно е дека договорот ќе донесе толку многу јасни придобивки за населението на Косово и треба да се постави легитимно прашање до неговата влада, зошто тој сè уште не може да ги има тие придобивки“, рече Лајчак.
Тој рече и дека тоа што не се направи е прекршување на обврските на т.н. Косово кон ЕУ.
„Основањето на ЗСО треба да се гледа и во контекст на амбициите на Косово да се приклучи кон меѓународните организации. Овие организации, особено оние кои се занимаваат со заштита и унапредување на владеењето на правото, придаваат големо значење на исполнувањето на обврските на нивните членови според кон меѓународното право“, рече Лајчак.
Лајчак рече дека предлозите на ЕУ се да се обезбедат дополнителни гаранции и дополнително да се зајакне статусот на Договорот, како што упорно бара премиерот на приштинските привремени институции, Албин Курти.
„Но, исто така, иницијализацијата или формалното испраќање на договорот во ОН не беше доволно за косовскиот премиер, кој бара официјализирање преку билатералното потпишување на договорот меѓу Косово и Србија“, изјави Лајчак.
Подготвено од А.Ѓ.