07.03.2024 Скопје
Кривичен пресуди 1 година и 8 месеци затвор за Беким Хаџиу, управител на „Беса Транс“, а правното лице „Беса Транс“ доби парична казна од 800 илјади денари и 4 години забрана за вршење дејност. Виновни се за кривично дело фалсификување исправа.
Судијата Ивица Стефановски рече дека Хаџиу од јануари до ноември 2021 година, во 20 наврати искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска, лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
Во објавата на првостепената пресуда судијата едно по едно со датуми и имиња на возачите ги читаше сите случаи кога автобусот на „Беса Транс“ излегувал од земјава со лажна лиценца.
Подготвено од М.Д.