kristerson shvedska

08.03.2024 Скопје

Шведскиот премиер Улф Кристерсон им се заблагодари на земјите од НАТО што ја пречекаа Шведска како 32-та членка на Алијансата.

„Шведска сега е членка на НАТО. Им благодариме на сите сојузници што не пречекаа како 32-та членка. Ќе се стремиме кон единство, солидарност и споделување на товарот и целосно ќе се придржуваме до вредностите на Вашингтонскиот договор: слобода, демократија, индивидуална слобода и владеење на правото. Заедно посилни“, напиша Кристерсон на социјалната мрежа Х.

Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објави дека Шведска официјално стана членка на Алијансата и дека нејзиното знаме ќе биде подигнато во седиштето на НАТО во Брисел во понеделник на 11 март.

Кристерсон заедно со шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром е во посета на Вашингтон.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author