https://www.facebook.com/photo?fbid=137506092606323&set=pb.100090407993687.-2207520000.

20.03.2024 Скопје

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани. Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати, велат од министерството во соопштение до јавноста.

Инаку на обвинителството му требаше повеќе од месец дена по акцијата која се спроведе во Грчец да ја комплетира документацијата со која сега веќе се побара екстрадиција на дел од членовите на групата од Грчец.

Шеваљ Муареми, за кого веќе е познато дека последната локација од каде објавуваше фотографии е Дубаи, доби меѓународна потерница. Тој е осомничен како предводник на групата која убивала и пренесувала дрога, а беше откриен преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.

Меѓународна потерница освен за главниот бос на криминалната група „Дуќанџик“, Шеваљ Муареми е објавена и за уште за седум лица осомничени во истрагата.

Подготвено од М.Д.

About Author