https://www.facebook.com/photo/?fbid=1787033838205209&set=basw.AboAhy9NK7KURsBHWPPbg8lA4sSab4xF30peD1IiBnrAx9jiW6NoscwAPbMKjDRKJy3IqTX0y1pmtW3H2NY-0aN3kvmYXzZlB8vpCvfMVy4Yt-ypx1PxPgaHT80BMXAFCMyd3a7tAjuqSg9ZlzppzhzNKME6SN5FQ6z4Xla7q1N28A&opaqueCursor=AbrHssa7y-lz6Eih6fKzXlL7J-IMgq2DTOJYByVzatjzWWTzQVJUt1nsiJTnIdWD42C5KldWPs7IlaQB4ypEjYerfYnMs_ljTy-fedO-qs71hSh3_u1PO2pikEVUUrZlqLWopr06hreBJkN8q5GKnjOn8giI3CXSyv36xeAK8xwlHzHZWWTVfJVExudsqS7yK8nRw_hzURukJBH9QiO8V3QWJijNeREqcCqMY4teVu2y-L4re2onZuYPdew2wNl5-VKbVdvkaDVa-gsTKrBlE3juXoRJSfBj3AU0FkxgKtjzu75QrFY57xCsKfJpEm8mZ874W2hr6dZGKwSmvNb2U_5lKCzT3sUE3qvBO-gijbXW50SSiP07fsCG03Hrg4BBPxBjb9g6x_lpX6MOgMVMNYz-Bax3uGYus7u5dgYF6Yt73G_aOwbAOv7HKVRHTV17nB0Bn_q1cVhxBInyFSs9r8TfDucvBAFl01TinAV8-AK6EDbCz4FjRv9dXo7hsQ7sMIKCxvU4BxfcQ7gC6Cq0T4Mhq9vbnGPEUzOZkOKZEUANglDVjRWwoTe3oRMlktxG0Fg3fiu8ydb9fLytiXvv53d96BN4wE_gxVNvL44LXRTBST_v0Ii_WF4a6P-Lf3sxErwCMW1oUL5VXXIiQPV_wD3q-A4lr9e14HlaSBs72xFxsx1OmnHvipWO9_7TCMP2kVU-Fzdz51oVa6_hWu0c-IR-RvKsyXSNlb25A80-OlMERkG8m5cfQ9CuC3YgL_r55Rt5pK3K37hCwDJJlTCbhgcn-ZjM4YLryuIlYUmhaxkheQRnTdDPkFvbLNrvsPXQvcSZ9D2Z21OnZAZojYvV7wqk_OgjvuF49X5_XrfdItuaKsKY8qRHU3wbwTWPh_Q8fbFlvMRYgHdxxGSkcRsZsHGnKUjfE1Xs_sIPivGTr7QECTmVH-SxY_wO1XlpiyStmL-gzY10uFrjixjMnGW-Z_MldaLHesV28xT-UqKtoVpI3Hi2gKDtjvOWzFDM1tHSKNjH13skG9k1xWNCkezCeVEh4bp6ZdOeJsDnuAXb0jb_AWnLuZWSgeTE9bgV_aF1COYfXA5o4KWg3APhqXyPY_vPqumHOPeZmeceOT2ZfH31RA3FCdRAHwGmlvVNneQmQOGX_lTzVh2zVH7w-KN139YU

21.03.2024 Скопје

Во пресрет на двојните избори, претставници на Јавното обвинителство и на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) вчера одржале работен состанок со цел ефикасна координација на изборните процеси.

На состанокот, како што соопштија од Обвинтелството, се дискутирало за надлежностите на двете институции во поглед на нивно ефикасно постапување со цел обезбедување фер и мирен изборен процес, како и за санкционирање на сите оние кои евентуално би се обиделе да го нарушат.

На средбата присуствувале обвинителот Џељаљ Бајрами, кој е и претседател на Комисијата за следење на на евентуални нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите при ЈО, други претставници на Обвинителството како и претставници на Антикорупциската комисија и претседателката Татјана Димитровска.

Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, пак, ги презентирала активноситите отпочнати од страна на ДКСК во предизборниот период и воспоставената база на податоци за службени возила кои ги користат институциите како прва активност за следење на нивното користење во предизборието.

Во соопштението од Обвинителството се додава дека ЈО и ДКСК ќе одржуваат директна комуникација и ќе се координираат при постапувањето по сите пријави за изборни нерегуларности.

Подготвено од М.Д.

About Author