francija abortus

04.03.2024 Скопје

Франција се подготвува да стане првата земја во светот која во својот устав ќе го вклучи правото на абортус. Во текот на денешниот ден претставниците на долниот и горниот дом на парламентот ќе се сретнат на специјална седница во Версај, со претседателот Емануел Макрон.

Доколку владиниот предлог биде изгласан со три петтини мнозинство, како што се очекуваше, тогаш во Уставот од 1958 година ќе биде воведена „загарантираната слобода“ на жените да абортираат. Тоа ќе биде 25-ти амандман на францускиот устав и прв од 2008 година.

Поттикнати од укинувањето на федералната заштита за правата на абортусот во Америка пред две години, поддржувачите на правата на абортусот силно ја поддржуваат ревизијата на уставот, што тие го гледаат како гаранција дека нема да се случи слична ситуација во Франција.

Анкетите покажуваат дека околу 85 отсто од француската јавност ја поддржува реформата. Во Франција правото на абортус е воведено во законот од 1975 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author