antartik prebrzo topenje klimatski nepogodi

20.03.2024 Скопје

Опкружен од сите страни со водните пространства на три океани – Атлантскиот, Индискиот и Пацификот, овој поларен континент е изолиран од остатокот од копното.

Мразот на Антарктикот достигнува дебелина од повеќе од 3.000 метри, иако во последните години има тенденција да се топи повеќе од претходно поради климатските промени. Антарктикот има најголема средна надморска височина од сите континенти, а тука има наоѓалишта на тврд јаглен, ураниумска руда и други минерални богатства.

Но, поради мразот и екстремно скапиот транспорт, условите за експлоатација на рудите се многу неповолни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author