15.03.2024 Скопје
Врз основа на новите податоци за животната средина, германскиот министер за заштита на климата Роберт Хабек верува дека целта на земјата за заштита на климата за 2030 година е остварлива.
Коментирајќи ги новите податоци на Федералната агенција за животна средина, Хабек истакна дека ако останат на курсот, „ќе ги постигнеме нашите цели за 2030 година“.
Германија, според Законот за заштита на климата, треба да ги намали своите емисии на стакленички гасови за 65 проценти до 2030 година во споредба со 1990 година.
Во својот последен проекциски извештај, ресорното Министерство наведе дека германската Федерална агенција за животна средина претпоставува намалување за нешто помалку од 64 проценти, што значи дека целта е на дофат.
Минатата година се очекуваше намалување од само 63 проценти, а пред тоа само 49 отсто.
Сепак, вистинското подобрување е во годишните емисии на стакленички гасови кои се очекуваат до 2030 година, за кои има и целни вредности во Федералниот закон за заштита на климата.
Претходните пресметки сугерираа дека се надминати вкупно 1.100 милиони тони еквиваленти на CO2, бројка што се користи за да се споредат различните стакленички гасови.
Федералната агенција сега очекува Германија да потроши вкупно 47 милиони тони CO2 помалку од она што е пропишано со закон до 2030 година.
Подготвено од А.Ѓ.