21.03.2024 Скопје
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека најмалку десет лица се ранети во руски ракетен напад врз главниот град на Украина.
Сирените за воздушен напад се активирале во раните утрински часови и дека градот е погоден со балистички проектили.
Во околината и внатре во Киев пред зори се слушнаа последователни експлозии, додека акциите на украинската воздушна одбрана (ПВО) продолжуваат.
Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев, изјави дека меѓу ранетите во населбата Шевченковски има и дете.
Се наведува дека во нападот биле оштетени станбени згради, како и градинка, деловен објект, градска инфраструктура и возила.
Спасувачките служби се испратени на местото на нападот, а степенот на штетата се уште се утврдува бидејќи ударите се уште не се завршени.
Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили почнале да лансираат балистички ракети Кинжал во текот на ноќта.
Вооружените сили на Украина предупредија на опасност од руски ракетни напади низ целата земја.
Подготвено од А.Ѓ.