saat

01.03.2024 Скопје

Со цел да се усогласи времето низ целата земја, повеќето региони во Казахстан одлучија да ги поместат своите часовници еден час наназад почнувајќи од 1 март, по што целата земја ќе биде во временска зона пет часа пред Координирано универзално време (UTC).

Досега во оваа временска зона беа само провинциите на западниот дел на земјата, додека остатокот од Казахстан, вклучувајќи ги главните градови Астана и Алмати, беше еден час понапред.

Потрошувачите во Казахстан се информирани за можни пореметувања на услугите на банкарството и мобилните оператори поради промената.

Казахстанската нафтена индустрија се наоѓа на западот на земјата и тешко дека ќе има пореметувања во работата на компаниите поради промената на временската зона.

Казахстан, кој се граничи со Русија и Кина, се протега на 3.000 километри од исток кон запад.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author