https://www.flickr.com/photos/tiago_cardona/5436344872/in/photolist-9hoFW1-aXE2ci-aXM8h8-TFMKRN-EZkJ4-wxq4Yj-EZkGc-wvMJJQ-EZkKv-TS5y6U-9hoK5Q-SFZhJM-SFWCez-TkES5m-TVCeCt-TkD4Hf-TS3fq7-aXDJL6-TVzRUc-TkCyAY-TkBST1-TS4h5N-TkEXWS-TkC6k5-TS3V8N-TJ9Qb4-SFVnNc-TVBKTv-TJaxZp-SFVUMM-SFVzLv-SFURA8-2Ugj4F-SFXitX-TJ9dDn-SFUHFv-TkBptS-TFHGJo-TVy8ue-TS2N75-TS2F4C-TVzXDi-TJ6wPr-TS26fW-TJ6U4k-TJ6ju6-TJ66sK-d2MZa7-d2Ppjd-wgutCh

07.03.2024 Скопје

Фонтана во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија, започна да се гради во Кавадарци, информираа денеска од локалната самоуправа. Споменикот ќе никне на најстариот кружен тек во градот, кој го доби неговото име.

„Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2,7 милиони денари“, соопштуваат од општината.

Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија. Сашко загина во Сплит во 1991 година на 20-годишна возраст, како војник.

Активностите се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности.

Обележјето ќе биде поставено на зелена површина. Во околината е предвидено да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискоџбунести дрвја.

На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата „Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација“. На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски.

Подготвено од М.Д.

About Author