21.03.2024 Скопје
Првата катна гаража во Штип е дивоградба, тврди директорот на Домот на културата „Ацо Шопов“ Горан Трајков, во чија непосредна близина се гради објектот. Трајков добил документација од укажувачи, вработени во општината, со која, според него, се потврдува дека е издадено одобрение за градба на катна гаража спротивно на Законот за градење, со што градоначалникот и вработени во локалната самоуправа ја злоупотребиле службената положба и овластување.
„Градоначалникот заедно со неговите вработени постапиле спротивно од член 61 од Законот за градење, со што го прекршиле членот 59 од истиот закон, каде што во член 61 децидно стои дека, доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спортивно на овој Закон, односно, не го одбие барањето за одобрение за градење слогласно членот 59, одгворното, односно службеното лице, во конкретниот случај градоначалникот на општина Штип, подлежат на кривична одговорност согласно Кривичниот законик“, изјави Горан Трајков, директор на Дом на култура „Ацо Шопов“-Штип.
Трајков се повикува на записникот од државниот градежен инспекторат, а целата докуметација ја поднесе во СВР-Штип. Градоначалникот истакна дека секој има легитимно право да излезе во јавност и да се сомнева во некоја незаконитост, но дециден е дека при изградбата на објектот се почитувани сите законски норми и прописи.
Катната гаража е објект којшто софгласно Законот е изграден, поставен и којшто ќе биде во функција на граѓаните. Надлежните институции можат до проверат и да утврдат доколку има нешто незаконско- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Ова е првата од планираните три катни гаражи кои треба да бидат изградени во цернтралното градско подрачје.
Подготвено од М.Д.