09.03.2024 Скопје
Канадскиот министер за меѓународна помош Ахмед Хусен изјави дека Канада ќе продолжи да ја финансира Агенцијата за помош и работна на ОН за палестинските бегалци (УНРВА).
Отава го прекина финансирањето на 26 јануари, откако Израел соопшти дека дел од персоналот на УНРВА бил вклучен во нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.
„Канада ќе стави крај на привременото замрзнување на финансирањето (UNRVA)“, рече Хусен, но не прецизираше кога точно ќе се случи тоа.
Тој додаде дека оваа агенција на ОН „игра витална улога во Газа“.
Премиерот Џастин Трудо изјави дека Отава ги чека резултатите од внатрешната истрага на ОН за израелските наводи дека 12 членови на УНРВА биле вклучени во нападите во кои загинаа околу 1.200 луѓе.
Вкупно 16 донатори, вклучително и САД и ОК, го суспендираа финансирањето на УНРВА.
Хусен рече дека Канада го разгледала привремениот извештај од истрагата на ОН и ја чека конечната верзија.
Подготвено од А.Ѓ.