26.03.2024 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, Канада почна евакуација на граѓаните на таа земја од Хаити кои сакаат да ја напуштат таа земја погодена од насилството на вооружените банди, давајќи им приоритет на ранливите групи, изјави канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.
„Знаеме дека безбедносната ситуација се влоши во последните неколку недели и дека оние кои сакаат да заминат не можат да го сторат тоа поради безбедносната ситуација на аеродромот Порт-о-Пренс“, изјави Џоли на новинарите на брифингот во Отава.
Таа истакна дека Канада првично ќе обезбеди патување од Хаити до Доминиканската Република за ранливите Канаѓани, како што се оние на кои им е потребна медицинска помош или оние со деца.
Околу 30 Канаѓани поднеле барање да го напуштат Хаити, рече Џоли.
Соединетите држави почнаа да ги евакуираат своите граѓани од Хаити со хеликоптер минатата недела.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека за денеска се планирани евакуации со три хеликоптери, а во вторник со четири.
Вашингтон го олесни безбедното заминување на повеќе од 340 американски граѓани од Хаити од 17 март и истражува алтернативи за евакуација на американските граѓани, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Во судирот на бандите на Хаити загинаа илјадници луѓе, а стотици илјади се раселени.
Подготвено од А.Ѓ.