Sovet-na-javni-obviniteli

26.03.2024 Скопје

Јавниот обвинител Башким Бесими е избран за нов член на Советот на јавните обвинители, од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Од вкупно 12 јавни обвинители од републичкото Јавно обвинителство со право на глас на изборите одржани во петокот за Бесими гласале шест, додека останатите кандидати Наум Паноски добил четири и Ферат Елези два гласа.

Советот е составен од 11 члена, од кои по функција член е републичкиот Јавен обвинител, шест члена ги избираат јавните обвинители на непосредни избори и четворица членови ги избира Собранието.

Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.

Подготвено од М.Д.

About Author