sudski sovet razgleduvanje izvestaj apelacija

23.03.2024 Скопје

Судот го одби барањето на Обвинителството за определување мерка притвор за Весна Јакимовска.

Судијата на претходна постапка одлучи наместо притвор да се определи само мерката на претпазливост, за извршителката Јакимовска која го нападна новинарот Фуркан Салиу.

По настанот утредента Основното јавно обвинителство Кичево поведе постапка против извршителка за која постои основано сомнение дека ги сторила кривичните дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1“ и „фалсификување или уништување деловни книги од член 280 став 2 од Кривичниот законик“.

Инаку Комората на извршители на Република Северна Македонија попладнево преку соопштение најостро го осуди како што напиша попречување на спроведување на извршувањето спроведено од извршителката Весна Јакимовска од Гостивар.

Подготвено од М.Д.

About Author