26.03.2024 Скопје
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа планираната посета на делегација на високо ниво во Вашингтон, откако САД се воздржаа од вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, поддржана од Русија и Кина, која повикува на прекин на огнот без услови за ослободување на заложниците.
Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер се вели дека САД со оваа одлука им наштетуваат на воените напори и обидите за ослободување на заложниците и се нагласува дека ова е „јасно повлекување од конзистентниот став на САД во Советот за безбедност од почетокот на војната“, што му дава надеж на Хамас дека ќе изврши меѓународен притисок да им дозволи да постигнат прекин на огнот без да ги ослободат заложниците.
Белата куќа соопшти дека не добиле никакво известување за промената на плановите за посетата на израелската висока делегација.
Подготвено од А.Ѓ.