toploten bran

07.03.2024 Скопје

Европската служба за климатски промени Коперник соопшти дека изминатиот месец беше најтоплиот февруари во современата историја и тоа е деветти месец по ред со рекордно висока температура.

Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Селесте Сауло изјави дека гасовите со ефекти на стаклена градина се секако најодговорни за оваа појава.

Коперник посочува дека овие гасови се причината поради која февруари годинава беше за 1,77 степени Целзиусови потопол отколку во прединдустриската ера или пред луѓето да почнат да согоруваат големи количини фосилни горива.

Според податоците на ОН, концентрацијата на јаглерод диоксид е на највисоко ниво во изминатите два милиони години.

Температурите од минатиот месец го урнаа претходниот рекорд измерен во 2016 година, кога беа повисоки за околу 0,12 степени Целзиусови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author