hrvatska

15.03.2024 Скопје

Зоран Милановиќ, претседателот на Хрватска, одлучи изборите во таа земја да се одржат на 17 април.

По вчерашното распуштање на Парламентот, Милановиќ денеска го одреди датумот на парламентарните избори.

„Претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, донесе Решение за распишување избори за пратеници во хрватскиот Сабор. Според Одлуката за распишување избори за пратеници во хрватскиот парламент, изборите ќе се одржат на избирачките места во Р. Хрватска во среда на 17 април 2024 година, а изборите во избирачките места во седиштето на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Хрватска ќе се одржат во вторник на 16 април и среда на 17 април 2024 година“, соопшти кабинетот на Милановиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author