https://www.flickr.com/photos/vladacg/52181379501/in/photolist-2nv7tK5-2nv8H2e-2nv7tLc-2nv6dBk-2nv7tLT-2nv6d9V-2igNqoj-2nv6fjg-2mGmwVd-2mGh8qS-2nv5Be4-q4cZhF-2nv875F-2nv6SKa-2mGiiRB-2hvSgWz-2nv873w-2mGmwXN-2nv1Tej-2mGiiQ9-2igJWBE-2mGcVt9-2nv8n6c-2hvSgVH-2hvPyww-ZtCo4f-2mJjutB-YhxvPY-2n2VW65-2n2UGVd-2hcZ94E-27cKNxN-2mGiPyc-2hdvEyZ-2cqSPzf-2mGdsvE-2mGdtQ8-2b7Cehe-2nv8A6Q-2nv7dCi-2nv7hfq-LBc4wU-2b7Cebx-V91YFB-2mGh8ts-2gH5DQJ-2j6RYi6-2cqSNgJ-NK4HgT-25YWeg9

22.03.2024 Скопје

Ана Брнабиќ, претседателка на Собранието на Србија, изјави дека ќе распише нови избори за градското собрание на Белград за 2 јуни.

Брнабиќ истакна дека тоа ќе го направи до 3 април, кога е и крајниот рок.

Зборувајќи за консултациите за потпретседателите и работните тела во српското Собрание, кои се одржаа пред конститутивната седница на која беше избрана за претседател на парламентот, таа рече дека и е жал што коалицијата „Србија против насилство“ одбила да учествува во нив, како и дека одбила да учествува во работните тела.

„Гледам критики дека не сме подготвени за дијалог, што е бизарно. Имате покана да дојдете на консултации со претседателот Александар Вучиќ, што е нивна обврска кон гласачите. „Србија против насилството“ не не удостои да одговори на тие повици, не учествуваше во консултациите“, изјави Брнабиќ.

Според неа, власта покажала дека сака дијалог и како што рече претседателот на Србија „ја подаде раката на опозицијата, но таа остана да виси во воздух“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author