italijanska ekonomija

07.03.2024 Скопје

Државниот завод за статистика потврди дека бруто домашниот производ, БДП, на Италија порасна во последниот квартал од минатата година за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал и за 0,6 отсто во однос на последниот квартал од 2022 година.

Пораснале и извозот (за 0,2 отсто) и увозот (за 1,2 отсто).

Ова е втор последователен квартал на раст, откако италијанската економија исто така забележа раст од 0,2 отсто во третиот квартал од минатата година, додека првата проценка укажува на раст од 0,1 отсто.

Кварталниот раст е еднаков на првичната проценка од крајот на јануари, додека годишната проценка за раст е ревидирана нагоре за 0,1 процентен поен, главно поради зголемените инвестиции.

На расходната страна, расходите за финална потрошувачка се намалени за 0,9 отсто, а инвестициите во постојан капитал се зголемени за 2,4 отсто.

Минатата недела, заводот за статистика соопшти и дека италијанскиот БДП лани пораснал за 0,9 отсто во однос на 2022 година, во споредба со јануарската проценка од 0,7 отсто и повисока од владината прогноза за економски раст од 0,8 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author