12.03.2024 Скопје
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани изјави дека континуираните испораки на западно оружје во Украина укажуваат на тоа дека Западот не е подготвен да се заложи за решение на конфликтот.
„Од самиот почеток на оваа криза, ние инсистираме на политичко решение и ја изразивме нашата подготвеност да посредуваме и да помогнеме да се стави крај на оваа војна. За жал, она што го гледаме е натамошна ескалација на конфликтот. Оружјето испорачано на Украина од западните земји укажуваат дека не сакаат да промовираат решение за кризата“, рече Канани.
Официјален Техеран постојано повторува дека е подготвен да дејствува како посредник во обидот да се реши украинската криза, а иранскиот претседател Ебрахим Раиси предупреди дека испораките на оружје од Запад за Украина „само го продолжуваат конфликтот“.
Подготвено од А.Ѓ.