JOVAN TIRZ

07.03.2024 Скопје

Технолошко индустриските развојни зони потпишаа документ со кои инвеститорите од Јапонија ќе можат полесно да влезат на македонскиот пазар. Голема делегација од оваа држава три дена ќе  престојува во земјава. Ќе имаат средби и со стопанските комори. Освен влез на јапонски фирми тука, целта е и да се зголеми соработката на домашните компании со компаниите од оваа држава.

Присутни се представници од различни фирми од Јапонија, потенцијални инвеститори, и неколку инвестициски фондови како и представници на неколки големи автомобилски компании.

Се очекува во наредните денови, Република Северна Македонија да биде представена во најдобро светло како држава за инвестирање.

Јапонските фирми ќе имаат можност да се сретнат со студенти од ФИНКИ и сопредставници на кимпанијата ФИТР, кажа директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Подготвено од М.Д.

About Author