Image by BalashMirzabey on Freepik

08.03.2024 Скопје

Во јануари индустриското производство во Хрватска падна за повеќе од 1 процент на годишно ниво, втор месец по ред, со што продолжи негативниот тренд од минатата година.

Државниот завод за статистика (ДЗС) во четвртокот објави дека индустриското производство во јануари останало непроменето во однос на претходниот месец, додека во однос на јануари минатата година паднало за 1,3 отсто.

Веќе втор месец по ред производството паѓа на годишно ниво.

Ова е и продолжување на негативниот тренд, имајќи предвид дека во цела минатата година производството ослабе за 0,1 отсто.

Годишното производство во јануари паднало во четири од пет сектори, а највисоко, за 14,8 отсто, е во производството на трајни производи за широка потрошувачка.

Следуваше производството на капитални производи со пад од 8,7 отсто, а производството на енергија се лизна за 7,8 отсто, а на интермедијарни производи за 1,3 отсто.

Од друга страна, производството на нетрајни производи за широка потрошувачка е зголемено за 7,9 отсто на годишно ниво.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author