indonezija

28.03.2024 Скопје

Парламентот на Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната Џакарта во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, кој е планиран за оваа година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author